Кошаркарите почнаа со победа
Кошаркарите на Куманово ја отворија новата сеозна во кошаркарското првенство со победа. Иако играа под очекувањата, кошаркарите издвојуваа победа со резултат 74:89.

Малку недостасуваше изненадување уште во првото коло од првенството. Младиот и неискусен тим на Вардар покажа дека тука се наоѓа иднината на македонската кошарка, и условно покажаа заби на противникот. Куманово првото водство го имаше во третата четвртина, кое не траше предолго, бидејки многуте изгубени топки и неодговорната игра можеше скапо да ги чини.
Сепак неискуството и потенката клупа пресудија, па кумановчани воспоставија контрола во последниот дел од натпреварот и успејаа да издвојуваат и убедлива победа на крајот од мечот.
Најефикасни поединци на натпреварот беа Александар Костовски со 23 поени и Ивица Димчевски со 22, а кај Вардар Владимир Петровски постигна 16 поени.
Дамка на овој натпревар фрли инцидентот помеѓу двете навивачки групи на полувреме, по што следуваше празнење на салата