Кошаркарското првенство започнува следната недела
12.10.2012 11:02
| KumanovoNews
И покрај тоа што стартот на кошаркарското првенство беше закажан за утре, првото коло од Првата кошаркарска лига во Македонија ќе започне за 7 дена.

Причина за одлагањето на новата сезона е сеуште нерегулираниот статус на клубовите, при нивна трансформација во акционерско друштво.
Четири клубови ја завршија трансформацијата во АД, а процесот на КК Куманово во трансформирање во акционерско друштво е пред крај.
КК Куманово новата сезона ја започнува со гостување кај екипата на Вардар од Скопје.