Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипите на Кожуф и на Куманово ќе бидат двата претставници од Македонија во Балканската кошаркарска лига (БИБЛ) за сезоната 2012/13.
Ова одлука македонските клубови ја донеле по посетата на спортскиот директор на БИБЛ, Шај Штрикс во Македонија и состаноците со управните луѓе на Куманово и Кожув кои ги имале изминативе денови.
По Фени индустри, Работнички и Торус СЦБТ, кои во минатите години учествуваа во Балканската лига, Куманово и Кожув ќе бидат новите македонски претставници во ова регинално друштво.
Куманово и Кожуф ќе им се приклучат на останатите осум кои доаѓаат од шест балкански земји. Вкупно десетте екипи ќе бидат поделени во две групи, со тоа што две екипи од иста земја ќе настапуваат во различни групи, а по одигрувањето на првата фаза, ќе се игра плеј-оф за пласман на „Фајнл Фор“ турнирот.
Другите учесници во БИБЛ следната сезона се бугарските тимови Левски и Рилски, хрватски Брод Свјетлост, грчка Кавала, Галил Гилбоа од Израел, црногорските тимови Морнар и Тиват, и српски ОКК Београд.