Кумановци ќе се натпреваруваат во падобранство
24.07.2012 09:13
| KumanovoNews
Четворица членови на Аеро клубот “Доне Божинов“ ќе заминат за Јагодина, соседна Србија каде во петок, сабота и недела ќе се натпреваруваат во скокање со падобран.

Тие ќе земат учество на Меѓународниот куп “Горан Остиќ“. Овој куп е традиционален, а Аеро клубот “Доне Божинов“ и лани беше дел од оваа спортска манифестација.
Кумановскиот Аеро клуб постои повеќе од 60 години, а неговите членови континуирано се активни и учествуваат на натпревари во и надвор од државата.