Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четиричлена екипа од Аеро клубот “Доне Божинов“ Куманово во средината на септември ќе учествува на Јадрански куп во падобранство во Бар, Црна Гора.
Кумановската екипа ќе се натпреварува во падобрански скоковите со падобранци од повеќе репрезентации од светот.
Купот ќе се одржи на 13, 14, 15 и 16 септември, а ќе учествуваат репрезентациите на Русија, Укарина, Белорусија, Црна Гора, Србија, БИХ и други земји. Ние ќе ги браниме боите на државата затоа што сме единствен клуб во државата кој функционира и има резултати. Останатите речиси и неработат затоа што немаме подршка од државата. Нашиот клуб има долга традиција и сеуште егзистира благодарение на поддршката од спонзори и локалната самоуправа – вели Љубиша Младеновски, управител на Аеро клуб “Доне Божинов“.
Падобранците во Бар ќе изведат по 8 скока на цел од 1200 метри височина, а ќе скокаат од хеликоптер. Пред Купот во Бар, ќе се натпреваруваат на 7, 8 и 9 септември во Никшиќ. Успесите на кумановските падобранци се потврдија неодамна кога Драган Саздовски на натпревар во Приједор, БиХ, освои второ место во моторно летање.