Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Ултра маратонот кој се оддржува во чест на музичката ѕвезда Тоше Проески на релација Нова Градишка - Крушево, учествуваа и двајца кумановски атлетичари, членови на клубот “Скок“.
Аце Јакимовски и Милош Ранчиќ заедно со уште 14 маратонци од нашата Република трчаа од Нова Градишка до Крушево во спомен на Тоше и петгодишнината од неговата прерана смрт.
Маратонот почна на 13 октомври и ќе заврши денеска во родното место на Тоше, Крушево.