Куманово го победи Сунгул
14.10.2012 16:55
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово издвојуваа победа против рускиот Сунгул во второто коло од ЕХФ купот. Борбената игра на кумановчани беше изненадувачка за екипата од Русија, кои беа благ фаворит пред мечот во Куманово. Натпреварот заврши со резултат 27:26.

Куманово беше подобар противник во текот на првиот дел од натпреварот, и на полувреме заминаа со резултат 16-11. Во вториот дел, руската екипа прикажа подобар ракомет, а кај кумановчани се почуствува благ замор, и не успејаа да го одржат водството од 5 гола стекнато во првото полувреме.
Најдобри поединци на натпреварот беа Блажевски и Георгиевски со шест погодоци.