Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа убедлива победа против екипата на Вардар од Скопје со 22 поени разлика. Конечен резултат на натпреварот беше 87:65.
Куманово настапи и на овој натпревар без Урош Луковиќ, Владимир Георгиевски и Дарко Станимировиќ а Ивица Димчевски беше на клупата но не настапи на мечот. Сепак домаќинот немаше поголеми проблеми во текот на натпреварот. Тие имаа водство од првата минута на натпреварот која константно се зголемуваше до крајот на мечот. Вардар беше рамноправен противник само во првиот период од мечот.
Најефикасни на натпреварот беа Марјан Јаневски со 22 поени, додека Дејан Микиќ и Александар Костовски постигнаа 16 поени.
Кај екипата на Вардар, Драган Керкез постигна 15 поени а Војче Лефкоски го заврши натпреварот со 14 поени.