Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа нов пораз во последниот натпревар во оваа сезона. Кожув по продолжение беше поуспешен од Куманово, за освојување на првата позиција на табелата.
Куманово иако имаше добар почеток, не успеја да го приведе натпреварот кон крајот и да издвојува победа со која Куманово ќе биде шампион на есенскиот дел од првенството. Работите се одвиваа одлично до последната четвртина, кога Куманово имаше водство со висок процент од игра. Кожув држеше чекор во натпреварот за да во последниот период од играта успее да ја намали разликата од 12 поени разлика и да го одведе наптреварот во продолжение.
Многуте промашени шутеви во продолжението, техничката грешка на Димчевски го исфрлија Куманово од ритам и продолжението го загуби со 17:9, за конечни 100:92 на натпреварот.
Најефикасни поединци на натпреварот беа Димитар Караџовски со 22 поени и Слободан Божовиќ со 21 поен, додека во Куманово Александар Костовски постигна 28 поени.