Куманово поразено во Струмица
05.11.2012 10:52
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово вчера го загубија натпреварот против екипата на Зомимак М, со резултат 33:21.

Во салата Парк во Струмица, Куманово беше послаб противник и загуби со убедлив резултат. Резултатот на полувреме беше 17:11 што наговестуваше убедлив пораз. Натпреварот заврши со резултат 33:21, а Зомимак ја зацврсти првата позиција на табелата.