Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Петра Квитова, која беше поставена како петта носителка, ја освои титулата од силниот тениски турнир во канадскиот град Монтреал со награден фонд 2.168.400 долари.
Во финалето Чехињата победи Кинескињата На Ли со 7:5, 2:6, 6:3. Во првиот дел двете тенисерки си разменија по два брејка до десеттиот гејм при 5:5, по што дојдоа минутите на поранешната шампионка од Вимблдон, која прво го доби гејмот на свој сервис, а потоа направи и нов брејк за да победи со 7:5 во првиот сет.
Во вториот сет Квитова беше многу блиску до тоа да и подари на својата опонентка т.н. "златен сет", во кој тенисерката немаше да освои ниту еден поен. Квитова не успеа да освои ниту поен до 0:4 сет, а потоа очекувано загуби со 2:6.
Чехињата го започна третиот дел одлично, но разврската дојде дури во шестиот гејм, во кој Петра направи брејк и поведе со 4:2, што подоцна се покажа сосема доволно и за конечна победа со 6:3.
Така Квитова стигна до титула турнир на ВТА за прв пат по 9 месеци, откако за последен пат триумфираше во Истанбул минатата година.