×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лазаров конечно светски клупски првак

    03.09.2012 08:22 | KumanovoNews

    Во својот трет обид да се искачи на клупскиот светски трон, Kирил Лазаров конечно успеа, и тоа со Атлетико Мадрид.

    Лазаров конечно светски клупски првак

    Шпанскиот клуб му се реваншира на Kил, за ланскиот пораз на Суперглоуб, победувајќи го со 28-23, најмногу благодарение на одличната одбрана во второто полувреме и ветеранот Омбрадос, кој имаше 15 успешни одбрани.

    Претходно Лазаров играше во финале со Ал Саад и со Атлетико.

    И покрај веста за смртта на неговиот татко, Благоја, ноќта пред одигрувањето на финалниот меч, нашиот интернационалец повторно беше меѓу најдобрите. Постигна четири гола, а неговите соиграчи освоениот трофеј му го посветија на неговиот татко. На човекот што беше првиот тренер на Лазаров, соиграчите на нашиот интернационалец му го посветија освоениот трофеј.

    За Лазаров ова беше 32 трофеј во неговата спортска професионална кариера, а шести откако е член на Атлетико (претходно Сиудад Реал). Му недостасува уште трофејот од Лигата на шампионите, да ги има сите значајни клупски трофеи и да ја заокружи богатата клупска кариера. Атлетико освои и 400.000 долари награда за првото место, а Kил дома ќе однесе двојно помалку.

    Kлучниот меч Атлетико сепак го одигра во полуфиналето каде во последните секунди преку Агинагалде го постигна победничкиот гол, иако Шпанците имаа два играчи помалку по црвените картони на Гојун и тренерот Душебајев. Последната минута донесе мешаница на теренот по дуелот на Гојун и Kарабатиќ.

    На турнирот во Доха, Атлетико играше и без Арпад Штербик кој се пресели во Барселона за сума од околу 325.000 долари, без повредениот Маркусен и Ивано Балиќ.

    Лазаров беше и четврти стрелец на првенството со 28 гола, а најдобар е Банур од Мудхар со 42 гола. Примож Прост од Ал Саад е најдобар голман со 63 успешни интервенции, а Дарко Станиќ, голманот на Металург кој беше позајмен на Ел Џаиш е четврти со 57 одбрани.