Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс падна на 12. позиција на табелата во Западната конференција откако ноќеска загуби на гостувањето кај Чикаго Булс со убедливи 95:83.
Тоа е трет пораз по ред и вкупно 24. во лигата воопшто за Лејкерс и тоа точно на средина од сезоната. Екипата која требаше да се бори за титулата во НБА лигата во моментов е на четири победи до осмата позиција на Западот, но многу далеку од тимовите кои се на врвот. Не е ништо ново ако се каже дека ова е една од најслабите сезони на Лејкерс во последните 20 години и ќе треба многу работи да се сменат за да се пласираат во плеј-офот.
На синоќешниот натпревар, сосема неочекувано, прва ѕвезда беше Кирк Хајнрих кој постигна 22 поени, рекордни за него во сезоната, плус седум скока и осум асистенции и сето тоа за само 33 минути на паркетот. Не смее да се заборави ниту придонесот на другите кошаркари како Белинели (15 поени), Бузер (14 поени) и Ноа (шест поени и 13 скока).
Колку Лејкерс беа немоќни на овој меч, најдобро зборува фактот дека Чикаго се наоѓаше во водство од првата до последната минута. Тргнаа со 6:0, а единственото што гостинските кошаркари успеаја да го направат е да израмнат на 69:69 на пет секунди пред крајот на третата четвртина. Булс го добија последниот период со 26:14 и на крајот стигнаа до убедлива победа. Лејкерс имаа десет скока повеќе, но не функционираше шутот од далечина, па погодија само три тројки од 17 шута. Од исто толку обиди, кошаркарите на Чикаго погодија девет пати и тука може да се бара една од причините за поразот на момците на Д'Антони.
Сепак, мора да се истакне и лошата вечер на Коби Брајант кој за 42 минути на паркетот постигна само 16 поени (7/22 од поле). На ниво беше само Пау Гасол со 15 поени и 12 скока покажувајќи со тоа дека полека се враќа во посакуваната форма.
Лејкерс утре ја завршуваат гостинската турнеја со гостувањето кај Мемфис, а на досегашните два натпревари (против Торонто и Чикаго) претрпеа порази.
Инаку, синоќешната програма во НБА беше исклучително богата и интересна. Во дербито на Њујорк, Нетс ги совладаа Никс со 88:85 израмнувајќи на 2:2 во меѓусебните дуели на 2:2 оваа сезона. Затоа, Голден Стејт му нанесе уште ден пораз на Лос Анџелес Клиперс и покажа зошто се наоѓа на петтата позиција во Западната конференција.