Лукоил гостува во Куманово
09.10.2012 09:33
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре во 18 часот во Спортската сала во Куманово ја пречекуваат екипата на Лукоил од Бугарија.

Натпреварот има пријателски карактер, и е подготовка на екипата пред почетокот на новата сезона. Новата кошаркарска сезона започнува во сабота, а Куманово гостува на екипата на Вардар.