Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Некогашниот најдобар фудбалер на светот, Лотар Матеус изјави дека е изненаден со изборот на играчи за тим на годината во организација на ФИФА.
Во Цирих, меѓу најдобрите влегоа пет играчи на Барселона и Реал Мадрид, како и Радамел Фалкао од Атлетико.
Навистина не разбирам зошто тој тим се состои само од играчи од Премиера. Забележав дека во првите редови во Цирих дека многу луѓе вртеа глава со неверување - изјави Матеус.
Во тимот на годината се најдоа Икер Касиљас, Серхио Рамос, Пике, Марсело, Дани Алвеш, Чаби Алонсо, Андрес Иниеста, Чави Ернандез, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Радамел Фалкао.