Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот ракометен шампион Металург, е еден од четирите непоразени тимови во првите четири кола во Лигата на шампионите.
Избраниците на хрватскиот стручњак Лино Червар, се во друштво на Барселона, Веспрем и Киелце, кои истот така имаат максимални осум бодови од четири средби во најквалитетнотот клупско ракометно натпреварување.
Металург своите настапи во Лигата на шампионите ги продолжуваат на 18 ноември кога на домашен терен го пречекуваат тимот на Киелце, кој им е најголем конкурент за освојување на првото место во Ц - групата.
Киелце заради гол разликата моментно е на првото место во групата, пред Металург. Но, доколку македонскиот шампион биде подобар во меѓусебните дуели ќе се искачи на врвот на табелата, што му гарантира полесен противник во наредната фаза во ЛШ.