×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Металург загуби од Мешков

    04.02.2013 11:09 | KumanovoNews

    Почетокот на натпреварот беше во знакот на избраниците на тренерот Лино Червар, кои поведоа со 3-0, но на крајот Белорусите сепак славеа со 28-26 и му го нанесоа четвртиот пораз на Металург во ова лигашко натпреварување

    Металург загуби од Мешков

    Домаќините во 49. минута првпат се одлепија со предност од три гола, а потоа и со четири (24-20) што беше решавачко за победата. За десет минути скопјани не успеаја да направат пресврт, освен да намалат на минус два гола.

    Првото полувреме донесе поголема неизвесност. Металург водеше со 3-0, домаќините израмнија на 5-5, а во 19 минута поведоа со 11-9. Скопјани не се предадоа, а Левов, Козлина и Манасков донесоа пресврт за водство од 13-11. Потоа Мешков пак влезе во серија и водеше со 15-14 на полувреме.

    За Металург ова е трет пораз сезонава во СЕХА-лигата (по дуелите со Татран и Нексе), но и покрај тоа остана на второто место со 24 бода, два помалку од лидерот Загреб кој има одиграно и меч повеќе. За скопјани поважен е следниот меч, во сабота во Словенија против Горење во рамките на Лигата на шампионите, од што ќе зависи дали може да го освојат второто место во групата.

    Дуелот во Белорусија ги покажа слабите страни на Металург, но и лошата форма во која се наоѓаат дел од ракометарите. Недостигаат головите на Наумче Мојсовски (1/5), но и одбраните на Дарко Станиќ. Српскиот голман одбрани 10 топки, а во тимот го немаше Петре Ангелов, исто како и Дамир Батиновиќ. За скопјани дебитираше и Игор Мандиќ кој дојде од Борац Бања Лука, но не постигна гол. Пивотменот Младен Ракчевиќ имаше најдобра реализација во Металург 6/7, а толку голови постигна и Дејан Манасков, но од девет обиди. На другата страна Георгиевски имаше 0/3, а Словенците, Козлина и Ругринец постигнаа седум гола.