МЗТ Скопје поразен од Олимпија
Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа 10. пораз во 20 коло од Јадранската АБА лига, губејќи синоќа на домашен терен од Унион Олимпија со 76-87.

Избраниците на Алеш Пипан успеаја да се спротивстават само во првиот дел, по кој на пауза се замина со предност од 42-36. Но во вториот дел гостите од Словенија беа незадржливи за македонскиот шампион и заслужено славеа, откако ги добија третата и последната четвртина со 9 поени разлика.
Најавите на гостинскиот тренер, словенечкиот стратег со македонски корени Сашо Филиповски дека Олимпија е спремна за одмазда за жал се остварија.
Најефикасни кај тимот од Аеродром беа Гечевски со 26 и Николовски со 17 поени, а двајцaата забележаа и по 7 скока. Дражен Бубниќ со 20 поени беше најзаслужен за славјето на гостите од Љубљана.
Со скор од 10-10 МЗТ Скопје се наоѓа на 8. место, а во следното коло гостуваат во Загреб против Цедевита.