Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шпанецот поради повреда на колената го откажа учеството на четвртиот грен слем турнир за оваа сезона.
Жал ми е, не сум спремен– изјавил Надал.
Рафаел Надал, некогаш најдобриот играч на планетата, веќе подолго време е на боледување. Повредата што го мачи е многу покомплексна отколку што се чинеше при првите лекарски прегледи, па тенисерот ќе мора да го пропушти и US Open.
Третиот тенисер на светот е надвор од терените уште од Вимблдон, а во понеделникот и самиот потврди дека не е сигурен за неговиот настап на US Open, кој стартува на 27-ми август во Њујорк. Вчера Надал ја донесе дефинитивната одлука: ,,Тажен сум што ќе морам да соопштам дека не сум спремен за настап на US Open. Им благодарам на навивачите за поддршката’’.
Рафаел Надал додаде дека постои напредок во лекувањето на неговите колена, но не може да биде сигурен дека ќе биде спремен за помалку од две недели. Организаторот на турнирот го постави Надал за трет носител на турнирот. Во 2010-тата година Надал го освои US Open, вкупно има 11 грен слем трофеи, а минатата година играше во финалето на US Open каде што беше поразен од Новак Џоковиќ.