Надал сепак нема да игра во Абу Даби
26.12.2012 08:49
| KumanovoNews
Шпанскиот тенисер и поранешен најдобар светски рекет, Рафаел Надал нема среќа со своето враќање на терените.

Поради вирус тој го откажа учеството на егзибицискиот турнир во Абу Даби. Надал има стомачни тегоби и проблеми со желудникот, па лекарите му препорачале да се одмори и да не го оптоварува организмот.
Немам среќа. Се подготвив максимално, но ме покоси вирус. Лошо се чувствувам и тешко дека ќе може да играм. Лекарите сметаат дека мора да се одморам. Навистина ми е жал. Но, ќе играм во Доха на почетокот на 2013 година-рече Надал.