×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најдобрите во мак кошарката за 2012-та

    20.12.2012 09:39 | KumanovoNews

    Македонските медиуми и тренерите на екипите во Првата лига мажи и Првата лига жени гласаа за најдобрите во кошарката за 2012. година.

    Најдобрите во мак кошарката за 2012-та

    Според гласовите Тодор Гечевски е најдобар македонски кошаркар за 2012. година, Перо Антиќ од Олимпијакос е најдобар кошаркар во странство, а Моника Гаврилоска од кипарски АЕЛ Лимасол во истата конкуренција кај жените.

    Со еднаков број на гласови признанието за млад кошаркар за изминатава година им припадна на Кристијан Николов од Галатасарај и членот на Партизан, Андреј Магдевски.

    Во женска конкуренција наградата оди за кошаркарката на Бадел, Александра Стојановска.

    Најзаслужниот за двојната круна на МЗТ во минатата сезона, Александар Тодоров беше избран за најдобар тренер, Перо Стамески беше најдобар тренер кај женските екипи, а Бранко Андриевски е прогласен за најдобар младински тренер.

    Најдобар млад тренер на екипа во женска конкуренција е Александар Домлевски од Бадел.

    Повторно најдобар македонски судија е Александар Милојевиќ.

    Наградите ќе бидат врачени на свечена церемонија на 26 декември.