Наковска-Бикова доби награда од 30.000 евра
12.09.2012 11:56
| KumanovoNews
Владата на вчерашната седница одлучила да и додели еднократна парична награда на Оливера Наковска-Бикова за освоениот златен медал на Параолимписките игри во Лондон.

Таа ќе добие 30.000 евра. Оливера Наковска-Бикова освои златен медал и постави светски рекорд во стрелање со воздушен пиштол.
Во родната Битола за неа синоќа беше организиран пречек и музички хепенинг на плоштадот Магнолија.