Наполи ќе оди по стапките на Барселона?
25.07.2012 12:47
| KumanovoNews
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис планира до 2014 година неговиот тим да стане како Реал Мадрид и Барселона.

Тој сака да ги копира шпанските великани и според начинот на работење, но и според имињата во екипата и резултатите што се постигнуваат на теренот.
Сакам до 2014 година структурата на Наполи да биде иста како и на Реал и на Барселона. Сакаме да бидеме во врвот на италијанскиот, но и на европскиот фудбал изјави Де Лаурентис.