Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денешниот натпревар помеѓу ракометарките на Куманово и Жито Прилеп што требаше да се одигра во Спортската сала во Куманово е одложен.
Причина за одлагањето на натпреварот е повикот за репрезентативен настап на неколку играчи на гостинките од Прилеп. Овој натпревар ќе се одигра во пролетниот дел од сезоната.
Со тоа денеска е завршен есенскиот дел од првнеството за ракометарките на Куманово. Тие се наоѓаат на петтата позиција со девет бода.