Ново засилување за КК Куманово
23.12.2012 14:44
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Куманово ќе добие ново засилување, во американскиот кошаркар Ентони Ли Инграм.

Станува збор за 196 сантиметри висок крилен кошаркар кој досега настапуваше во кипарскиот Папа Џонс Омониа од Никозија.
Тој е роден 1988 година во Индијанаполис, а досега освен во колеџот лигата, има настапувано во Австралија и Норвешка.
Според неофицијални податоци, играчот би требало да пристигне во Куманово на 4.јануари