Одбојкарите го играат првиот натпревар дома
02.11.2012 11:13
| KumanovoNews
Одбојкарскиот клуб Куманово во сабота го игра првиот натпревар пред својата публика.
Противник е минатогодишниот финалист и вице-шампион екипата на ОК Синалко од Крушево. Натпреварот е во рамките на второто коло од натпреварувањето, а се игра во салата на СЕУ Перо Наков и започнува во 17:00 часот. Влезот е слободен.
Останати парови се:
- ОК Сушево – ОК Вардар
- ОК Лирија – ОК Струмица
- ОК Борец Брако – ОК Шкендија
- И слободна е екипата на Мавис од Штип.