Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одбојкарите на Куманово имаа половичен успех во последните два натпревара кои се одиграа изминатиот викенд.
Во интересен и возбудлив натпревар во саботата тие издвојуваа победа против екипата на Сушево со резултат 3:1 (25:21 15:25 25:23 25:22). Натпреварот одигран во прекрасна спортска атмосфера во СЕУ Перо Наков беше полн со пресврти и возвбудувања до последните поени во сетовите. Сепак ОК Куманово во завршници на сетовите имаше повеќе концентрација и ги освои максималните три бода од натпреварот.
Веќе следниот ден одбојкарите загубија на гостински терен од екипата на Лирија со резултат 3:0 (25:22 25:17 25:20).
Покрај фактот дека е тешко да се играат два лигашки натпревари во два дена, на екипата многу влијаеше и отсуството на коректорот на екипата Александар Живиќ кој задоби повреда на саботниот меч и не беше во составот на екипата што гостуваше во Тетово - изјавија од клубот.
ОК Куманово се наоѓа на шестата позиција со шест бода.