Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дебакл на гигантите во Лигата на шампионите. Вака накратко може да се опишат синоќешните случувања во најелитното клупско натпреварување во Европа.
Најголемото изненадување го приреди Ајакс, кој на домашен терен го совлада англискиот шампион Манчестер Сити со 3-1 во најинтересната Група Д. Реал Мадрид доживеа пораз од 2-1 на гостувањето кај Борусија Дортмунд, по што сега „милионерите“ заслужено го преземаа врвот во групата со седум бодови.
Шалке го шокираше Арсенал на „Емирати“ и славеше со 2-0 во дербито на Групата Б. Во истата конкуренција гостинска победа забележа и Олимпијакос, кој со пресврт од 2-1 дојде до три бода на теренот на Монпеље.
Порто и Малага се единствените две екипи од А до Д конкуренцијата кои имаат максимален ефект од три победи. Малага со минимален трумф од 1-0 ја продолжи мизеријата на Милан, додека на вториот натпревар во Групата Ц, Зенит ја забележа првата победа во Лигата на шампионите со исто така со минимални 1-0 против Андерлехт.
Порто со 3-2 на домашен терен беше подобар од Динамо Киев, а ПСЖ немаше проблеми на гостувањето кај Динамо Загреб и славеше со сигурни 2-0 во Групата А.