Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре во Спортската сала на Куманово со почеток во 19.30 часот, ракометарките на Куманово ќе го одиграат последниот натпревар од есенскиот дел на натпреварувањето против екипата на Жито Прилеп.
На домашен терен екипата на Куманово ќе одигра уште еден дерби натпревар во кој со многу труд ќе успејат да постигнат нови три бода.
Екипата на Жито Прилеп е квалитетна екипа со повеќе репрезентативки во составот, меѓутоа домашниот терен, мотивираноста и желбата за победа овој пат се наш сојузник за уште една победа за Куманово-изјави Грабријела Трајковска капитенот на екипата.