Предност на Куманово е полната сала
17.10.2012 14:57
| KumanovoNews
Вториот претставник на Македонија во регионалното натпреварување, Куманово денеска ќе дебитира во Балсканската лига против црногорскиот Морнар.

Очекувањата дека натпреварот ќе се одигра пред полната сала во Куманово ќе биде главна предност за екипата на Куманово.
Во групата се наоѓаат и екипите на Галил Гилбоа (Израел), Левски (Бугарија), Ѓуро Ѓаковиќ(Хрватска) и Морнар(Црна Гора).
Натпреварот ќе се игра во Спортската сала во Куманово и ќе започне во 19 часот.