×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Првата кошаркарска лига во криза - ново одложување на почетокот!?

    17.10.2012 10:35 | KumanovoNews

    Овој викенд треба да започне новото кошаркарско првенство на Македонија, но сеуште не се знае колку тима ќе учествуваат во него. Трансофрмацијата на клубовите во акционерски друштва сеуште не е завршена, па не се знае колку екипи ќе настапуваат оваа сезона.

    Првата кошаркарска лига во криза - ново одложување на почетокот!?

    Екипите на МЗТ Скопје, Работнички, Фени индустри, Кожуф и Струмица веќе ја завршиле процедурата за формирање на АД. Куманово и Лирија се пред крај на процедурата, но се појави друг проблем одкако Лирија поради незадоволство од МКФ, управата на клубот е подготвена да настапува во косовдската лига.

    Првиот противник на Куманово, екипата на Вардар уште останува на својот став дека нема да се трансформираат во акционерско друштво до одлуката на Уставниот суд, и ќе го чекаат одговорот за жалбата за уставноста на Законот за спорт. Екипата на Пелистер иако изјавуваше дека нема средства за започнување на трансформирање, сепак известија дека последниот рок го искористиле за започнување на процедурата.