Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првенствата на Македонија во кошарка и во одбојка во најсилната конкуренција нема да почнат викендов.
Кај кошаркарите што натпреварите од 1. коло требаше да ги одиграат минатиот викенд ова е второ одложување. Причината за одложување е сѐ уште незавршената или непочната трансформација кај неколку клубa во акционерски друштва. Од КФМ велат дека тие се подготвени, но мора да почекаат на одговорот од АМС за тоа кои клубови имаат право на настап.
Кај одбојкарите причината е попрозаична - повеќето клубови немаат пари за котизација, која изнесува 20 илјади за женските и 25 илјади денари за машките клубови. Од вкупно 17 клуба во двете конкуренции, 11 ја немаат уплатено потребната сума. Затоа комесарот за натпревари при ОФМ, Мирко Трајков, реши да ги одложи натпреварите од 1. коло и им даде нов рок на клубовите, до среда да ги намират обврските.