Ракометарите на Куманово го пречекуваат Тинекс Пролет
26.10.2012 07:47
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово утре во Спортската сала во Куманово ја пречекуваат екипата на Тинекс пролет. Натпреварот започнува во 16:30.

После настапот во ЕХФ Купот, ракометарите се враќаат на натпреварите во домашното првенство. Во среда, Куманово забележа битна победа против Свети Николе со резултат 23:27. Утрешниот меч е битен за нашите ракометари и со победа ќе обезбедат повисоко место на табелата. Куманово е четврто на табелата но со два натпревара помалку, додека Тинекс пролет е втор.