Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Викендов кумановските ракометари ќе имаат уште едно соочување со клубот “Сунгул“ од рускиот град Снежинск, откако мината недела го победија на домашен терен.
Играчите на ракометниот клуб “Куманово“ утре заминуваат во Русија на реванш натпреварот со “Сунгул“.
Мечот ќе се одигра во сабота во 14 часот во спортската сала во Сунгул. Колку што можевме да дознаеме од веб сајтот на Сунгул и од порталите на руската федерација, домаќините подготвуваат жесток терен, пеколна атмосфера и како секој домаќин ќе настојуваат да победат. Ние ветуваме дека ќе направиме се за да извојуваме уште една победа, ракометарите се во добра форма, немаме повреди, имаме добра атмосфера во клубот и голема желба за уште едн триумф - рече Мартин Костовски, претседател на РК “Куманово“.
Во Русија ќе патуваат 14 играчи, тренерот и двајца претставници од управата на нклубот. Од Македонија до Снежинск ќе поминат околу 4.500 километри.
Доколку победи во Русија, РК “Куманово“ ќе се пласира во третото коло, по што идни противници ќе им бидат Шпанците, Французите, Германците или некоја од скандинавските екипи. Ваков исход би значел најдобар клупски успех во градот на сите времиња.