Ракометарите се припремаат за дуелот со Сунгул
20.10.2012 08:31
| KumanovoNews
Само неколку часа го делат Куманото од почетокот на реванш натпреварот од второто коло од ЕХФ-купот, против екипата на Сунгул од Русија.

Според официјалниот фејсбук профил на РК Куманово, нашите ракометари се спремни и расположени да го остават срцето на теренот. Очекуваат тежок натпревар на гостувањето во Русија, но се надеваат на позитивен резултат.