Ракометарите успешни во двомечот против Добруџа
10.09.2012 08:41
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово успешно го поминаа првото коло од Купот ЕХФ против екипата на Добруџа. Двата натпревари се одиграа во Спортската сала во Куманово и на двата натпревари Куманово оствари убедливи победи.

На првиот натпревар конечниот резултат беше 30:20, а на вториот натпревар ракометарите на Куманово победија со резултат 35:26.
Најефикасни во втората побеа кај Куманово беа Павловски со девет постигнати гола и Блажевски со осум гола а пет погодоци запиша Трајковски. Кај гостите најефикасен беше Јорданов со шест постигнати гола.
Во второто коло кумановските ракометари ги очекува натпреварот со рускиот прволигаш Снежинск.