Ракометарите забележаа битна победа против Тинекс
28.10.2012 18:18
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово вчера забележаа битна победа против екипата на Тинекс Пролет.

Конечен резултат на натпреварот беше 23:22. Тинекс Пролет е директен конкурент на Куманово за едно од местата кои водат во Плеј-оф што и дава на оваа победа посебно значење. Куманово е третопласирано на табелата со 16 бода, но и натпревари помалку.