Ракометарките гостуваат во Прилеп, започнува и младинското првенство
28.09.2012 12:40
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово утре гостуваат во Прилеп, каде ќе се сретнат со екипата на Жито Прилеп.
Екипата на Жито Прилеп досега има одиграно само едно коло од овогодинешното првенсто, и забележаа пораз од екипата на Металург од Скопје со 2 гола разлика. Од таборот на кумановчанки се оптимисти пред утрешниот натпревар.
Ќе се потрудиме да изненадиме на овој натпревар иако знаеме дека противникот е силен - изјави капитенот на екипата Габријела Трајковска.
Во недела започнува и младинското ракометно првенство во женска конкуренција. Младинскиот состав на Куманово во Спортската сала во Куманово ја пречекуваат екипата на Металург од Скопје.
Овој натпревар започнува во 14:30.

