Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера во заостанатиот натпревар од 2-то коло од Супер женската лига, ракометарките на Куманово на свој терен беа поразени од екипата на скопски Металург со 23:38, полувреме 11:25.
Домашните ракометарки се чини натпреварот го изгубија уште во првото полувреме, кога супериорните гостинки од Скопје направија разлика од +14 гола (11:25) и водството успеајаа да го задржат до самиот крај. Кумановските ракометарки, пак, и покрај поразот оставија солиден впечаток, дадоа 23 гола, но целосно потфрлија во одбраната, особено во првото полувреме кога дозволија за 30 минути да примат вкупно 25 гола. Најефикасни кај домаќинките беа Ристевска со 7 и Јовановска со 5 гола, додека, пак, кај гостинките Николовска со 8 и Митрова со 6 гола. Наредното коло ракометарките на Куманово играат на гости со екипата на Кожувчанка во Штип.
Т.Д.