Ракометарките слободни овој викенд, младинскиот состав игра во Куманово
05.10.2012 09:49
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово имаат слободен викенд, бидејки оваа недела ќе се играат натпреварите од ЕХФ купот.
Сепак, љубителите на женскиот ракомет ќе можат да го проследат натпреварот на женската младинска екипа на Куманово против младинскиот тим на Кожувчанка Штип. Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала во Куманово со почеток во 12:45.