Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Реконструираниот состав на Чеде Јаневски со триумфот над Србија го врати натпреварувачкиот дух кај фудбалерите и навивачката еуфорија. Екипата покажа дека има квалитет, и дека може да се бори за повисок пласман.
Селекторот Јаневски направи седум измени во однос на последниот натпревар против Хрватска, што вроди со плод и победа на Македонија.
Македонија во Групата А сега има четири бода од четири натпревари. Според селекторот, репрезентацијата одигра три добри натпревари во овие квалификации.
Квалификациите за Светското првенство продолжуваат во март, следната година со двомечот со најсилната репрезентација во групата, Белгија. Во меѓувреме ќе играме пријателски натпревар со Словенија.