РК Куманово го заврши настапот во ЕХФ Купот
20.10.2012 12:54
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово загубија на гостувањето во Русија против екипата на Сунгул со резултат 35:31.

Нашиот претставник во ЕХФ Купот одлично го започна натпреварот, одржувајки предност околу 2 гола разлика се до 20.минута. Потоа на сцена стапија судиите од чешка кои до крајот на натпреварот го држеа нашиот тим под пасивен напад, и досудувајки 8 пенали. Резултатот на полувреме беше 17:11 што беше недостижен за ракометарите на Куманово да успејат да стигнат до нерешен исход кој би ги одвел во следната фаза.
Најефикасен во составот на Куманово беше Трајковски со 6 гола и Ангеловски со 5 погодоци. Кај гостите Морозов постигна 9 гола.