×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • РК “Куманово“ се засилува со нови играчи

    27.07.2012 11:18 | KumanovoNews

     Денеска се потпишани договори со седум играчи, односно вкупно 14 играчи досега имаат склучено договори со ракометниот клуб Куманово.

    РК “Куманово“ се засилува со нови играчи

    Во престојниот период ќе бидат потпишани уште два договори.

    Денеска потпишавме договори со играчи кои се кумановци, тука тренираат и се натпреваруваат. Тука е Влатко Тасевски, Марко Спасиќ и младиот Ивановски, кои играат крило, бек и голман. На наше задоволство тука се и играчите позајмени од “Вардар“ и оваа година кои ги бранат боите на РК“Куманово“. Тоа се Дарко Димитриевски и Бобан Блажевски - изјави Мартин Костовски, претседател на РК“Куманово“.

    Првото коло во ИХФ купот ќе се оддржи на Денот на независноста на 8 септември во Куманово. “Куманово“ ќе игра против “Дубрача“ од Бугарија.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека Куманово ќе биде град со најдобар ракомет во државата и нагласи дека последниве две години кумановскиот ракомет напредува.

    Знаеме дека во Македонија има две ракометни сили “Металург“ и “Вардар“. Ние во моментов не сме во состојба да обезбедиме таква финансиска логистика која ја имаат екипи од таков ранг, но сепак се надеваме дека после тие две екипи ќе бидеме најјака екипа. Она што го прави младинската школа со тек на години ќе прерасне во ракометна сила - вели Дамјановски.

    Преку Сојуз на спортови, Општината ќе даде максимум за да го помогне развојот на спортот.