Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамки на второто коло од ИХФ Купот , утре во 18.30 часот во Спортската сала, РК Куманово ќе игра со екипата на Сунгул од градот Снежинск, од Русија.
Во првото коло ја победивме бугарската екипа Добруџа, и сега имаме шанса по 20 години конечно да го повториме успехот на Шевро Куманово, односно пласман во третото коло на Купиот на ИХФ. Доколку успееме да ги победиме Русите, тогаш во третото коло ќе добиеме противник кој би требало да биде на исто ниво со руската екипа. Се подготвуваме за овој натпревар во сите сегменти. Управниот одбор на РК Куманово се труди организацијата да биде на високо ниво. Се надеваме дека и овојпат ќе биде се како што треба. Во екипата владее добра атсмофера, играчите се подготвени. Немаме повредени ракометари што е многу важно - вели Драган Ивановски, портпарол на РК Куманово.
Тој додава дека со победа од 4 до 5 гола ракометарите ќе си обезбедат мирен пат за Русија. Порачува љубителите на ракометот да се воздржат од инциденти бидејќи казните за ваков прекршок се доста високи.