Роналдињо се враќа во националниот тим
23.01.2013 10:56
| KumanovoNews
Одкако Луис Фелипе Сколари се врати на коримилото на бразилската селекција, го повика Роналдињо за пријателскиот дуел против Англија на 6.февруари на Вембли.

Одлуката падна одкако Роналдињо прикажа добри партии во дресот на Атлетико Минеиро.
Тој пред извесно време истакна дека сонува да игра за Бразил на Светското првенство во 2014 година кое ќе се игра токму во Бразил. Освен него, повратник во репрезентацијата е и Жулио Цезар кој брани одлично во Квинс парк Ренџерс.