Шаховски турнир во клубот “Христијан Карпош“
Во клубот “Христијан Карпош“ денеска се оддржува шаховски турнир на кој учествуваат пензионери, вработени од армијата, полицијата, членови на Здружението на армиски и полициски ветерани.
Не е само пензионерски, туку и пионерски дружби треба да се прават често. Да не биде фалба, но јас седум пати бев првак на Куманово - рече Милислав Серафимовски, пензионер.
Најдобрите на турнирот ќе бидат наградени, но за учесниците најважно е дружењето.
Задоволство ќе ми биде ако учесниците од другите екипи не поканат на турнири по повод значајни датуми од поновата и постарата историја. Не е важно кој ќе биде прв, дали ќе има материјална награда, туку важно е продлабочувањето на соработката - изјави Томислав Стојковски, потпретседател на Здружение на армиски и полициски ветерани.
Организаторите се надеваат дека овој турнир ќе биде традиционален и ќе се оддржува во иднина.
Ове е екипен турнир, викнавме екипи од повеќе институции. Тие се одзваа, прифатија да учествуваат, а воедно е ден на безбедност и условно кажано го одбележуваме. Имаме четири екипи, ќе има три кола. Мислам дека треба да имаме по три - четири турнири годишно, не е проблем имаме простории - вели Александар Мандиќ, организатор.
Турнирот е по повод 9 мај - Ден на победа над фашизмот. Досега се организирани неколку турнири за шах, но со помал обем.