Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хари Реднап доби понуда да ја ангажира ѕвездата на Холандија и Интер, Весли Снајдер, се со цел да се осигура Премиерлигашкиот статус.
Арсенал и Челси веќе се откажаа од договор со Весли поради неговите високи барања за плата.
“Ме контактираше еден агент, но нема да кажам за кој станува збор. Ме праша дали сакам да го купам Весли Снајдер. Му одговорив позитивно, но холандскиот интернационалец има неделна плата од 200 илјади фунти и не знам дали сака да игра за КПР. Мислам дека таквиот трансфер е невозможен”, изјави Реднап.
Весли Снајдер може да си замине од Интер и како слободен играч, бидејќи нероазурите ги затегнуваат трошоците и сакаат да се ослободат од Холанѓанецот, кој зема највисока плата во тимот на Масимо Морати.