Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во Куманово гостуваше екипата на Црвена Звезда, и приредија вистински празник на кошарката.
Спортската сала во Куманово беше претесна за љубителите на кошарката во Куманово кои имаа можност да уживаат во атрактивен меч. Во салата беа присутни и гостински навивачи, па иако натпреварот беше прогласен со висок ризик немаше инциденти а двете групи направија одлична атмосфера во салата.
Иако резултатот беше во втор план, Куманово забележа убедлив пораз на овој меч. Резултаот на полувеме беше 33:53, а конечен резултат на мечот беше 66:88.
Најефикасни кај домашните беа Луковиќ со 17 и Младеновиќ со 16 кошови додека пак кај гостите Суботиќ и Катиќ уфрлија по 15 коша.
Кошаркарите на Црвена Звезда покажаа како се бранат боите на еден клуб а и висока одговорност и професионалност која што недостасува кај многу македонски екипи.