×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спектакуларен крај на игрите во Лондон

    13.08.2012 08:50 | KumanovoNews

    Синоќа во Лондон со фантастичен музичко – сценски спектал беа затворени 30. Олимписки игри, кој траеја во изминатите 16 дена.

    Спектакуларен крај на игрите во Лондон

    Големото шоу што се одржа на Олимпискиот стадион траеше повеќе од три часа, настапија преку 4000 илјади изведувачи, во живо го гледаа околу 80 илјади луѓе, додека пред малите екрани бројката на гледачите се проценува на околу една милијарда.

    Спортистите на САД освоија вкупно 104 олимписки медали, 46 златни и по 28 сребрени и бронзени медали со што се најуспешната спортска нација на Олимписките игри. Втора најуспешна спортска нација е кинеската со 87 олимписки медали од кои 38 златни, 27 сребрени и 22 бронзени медали. Домаќините се на третата позиција со 65 олимписки медали од кои 29 златни, 17 сребрени и 19 бронзени медали.

    Пред гаснењето на олимпискиот оган, десетина минути му беа посветени на Рио де Жанеиро, следниот домаќин на Олимписките игри, кои се закажани за четири години, а посебен гостин беше фудбалската мегаѕвезда Пеле.