×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спортските клубови добија дополнителни средства

    23.10.2012 09:00 | KumanovoNews

     Дополнителни 1,5 милиони денари ќе бидат издвоени од буџетот на Општината за развој на врвните спортови и клубовите во градот.

    Спортските клубови добија дополнителни средства

    Предлогот помина на вчерашната седница без некои поголеми критики. Повеќето советници кажаа дека треба да се инвестира во спортот и во здрава младина. Тие ги поздравија големите успеси на кошаркарите, ракометарите, атлетичарите, велосипедистите, боксерите од град Куманово.

    Сашо Петрушевски, претседател на Општински сојуз на спортови образложи дека последнава година се формирани четири женски клубови, со што се потврдува дека не е во фокусот само машкиот спорт.

    За првпат во историјата на кошарката сме влезни во лига каде играат екипи од Израел, Хрватска, Црна Гора и други. Тоа е престижна лига во која учествувале прваци како Тиквеш, Работнички. Тоа ни создаде обврска на Сојузот за спорт. Имаме обврска ова да го оддржиме. Ако се откажеме во ИХФ купот за ракомет, се плаќаат пенали. Тоа е основниот мотив, зошто бараме удел за кошарката и ракометот - вели Петрушевски.

    Тој додаде дека 95 отсто од граѓаните на анкета се изјасниле дека се задоволни од тоа како спортот во град Куманово напредува. И други советници се согласија дека граѓаните ја полнат Спортската сала што е знак дека ги следат спортските збиднувања. За споредба со другите општини како Битола, Карпош, Велес, Штип, таму се вложуваат поголеми суми во  клубовите, а имаат далеку послаби резултати.